Форма за пребарување

Формата за пребарување ви овозможува да најдете дигитален сертификат издаден од Центарот за сертификати. Ова значи дека може да најдете листа од вашите сертификати, но и да побарате сертификат издаден на друго лице.

Податоците кои што ќе ги внесете мора точно да се совпаѓаат со податоците во сертификатот. На пример, доколку барате сертификат со внесување на името Зоран Трпевски, ќе биде пронајден само сертификатот кој го содржи името Зоран Трпевски. Сертификатите под имињата Зоран Трпев или Зоран М. Трпевски нема да бидат вратени како совпаѓања.

Пребарувањето по е-mail адреса ви овозможува да пронајдете сертифиакат врз основа на e-mail адресата која е запишана во сертификатот. E-mail адресата што ќе ја внесете мора точно да се совпаѓа, така што може да се јави потреба да извршите неколку пребарувања во случај да не сте сигурни во точноста на e-mail адресата.

Пребарувањето по име ви овозможува да пронајдете сертификат врз основа на името кое е запишано во сертификатот. Името кое ќе го внесете мора точно да се совпаѓа, поради што можеби полесно е пребарувањето по e-mail адреса.

Двете пребаувања ви нудат можност да го изберете типот на сертификат што сакате да го најдете. Предефинирано е пребарувањето да ги опфати сите сертификати. Може да изберете од следниве типови на сертификати:

  • Валидни: тековни сертификати(оние кои не се истечени или поништени).
  • Поништени: Сертификати кои се избришани од базата на податоци на Центарот за сертификати.
  • Истечени: Сертификати чиј период на важност е изминат.
  • Сите: Сите типови на сертификати.
, VeriSign, Inc . All rights reserved.
Logo