Поништување дигитален сертификат

Поништување е процесот на отповикување на дигитален сертификат којшто е изгубен или компромитиран на некој начин. Исто така може да поништите сертификат кој повеќе не го користите. Поништувањето на вашиот сертификат значи и информирање на сите кои го користат Центарот за сертификати дека истиот повеќе не е валиден. Тоа значи дека ако некој го побара вашиот сертификат, тој ќе види дека истиот е поништен. Доколку поседувате друг дигитален сертификат, тогаш може тој да го користат за да ви испраќаат шифрирани електронски пораки.

За да поништите дигитален сертификат:

  1. Внесете ја e-mail адресата, името или серискиот број на сертификатот којшто сакате да го поништите и потоа кликнете на копчето Барај.
  2. Ќе ви се прикаже листа на сертификати од која ќе треба да го изберете (да кликнете на линкот) оној што сакате да го поништите. (Забелешка: Може да поништите само валиден сертификат, но не и истечен.)
  3. Страната прикажува подетални информации за избраниот дигитален сертификат. Осигурете се дека тој е сертификатот што сакате да го поништите и потоа кликнете на копчето Поништи.
  4. На веб страната што се појавува внесете ја вашата фраза за автентикација и изберете причина за поништување на сертификатот. Фразата за автентикација е онаа која што сте ја внеле при потврда на податоците од регистрација. Без фразата за автентикација не може да управувате со вашиот дигитален сертификат.
  5. Кликнете на копчето Поништи.

, VeriSign, Inc . All rights reserved.
Logo